Рашфорд потврди дека останува во Манчестер Јунајтед

Маркус Рашфорд изјави дека нема намера да го напушти клубот.

Пред неколку дена беше објавено дека Пари Сен Жермен е заинтересиран за 24-годишниот Англичанец.

„Јас сум 100 проценти лојален на Манчестер Јунајтед. За мене ова прашање не е ни за дискусија. Чувствувам дека без разлика на ситуацијата, морам да дадам се од себе за мене, семејството, пријателите и навивачите. Отсекогаш сум сакал и сакам да останам во клубот што е можно подолго, сакам да се борам за трофеи со него. Се надевам дека ќе се вратиме на претходното ниво и ќе се обидеме да го направиме тоа“, изјави Рашфорд за „Sky Sports“.

Напаѓачот е дете на Манчестер Јунајтед. Од почетокот на сезоната одигра два натпревари за „црвените ѓаволи“.