Рашфорд се враќа на терените порано од предвиденото

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, може да се врати во игра порано од очекуваното. 23-годишникот беше опериран на рамото по ЕП 2020 и се очекуваше да отсуствува најмалку два месеца.

Сега весникот –„ Сан“ тврди, дека заздравувањето на играчот оди подобро од очекуваното и може да продолжи со тренинзите во наредните десет дена. Рашфорд ќе продолжи да носи специјална шина на раката.

Тоа е добра вест за менаџерот, Оле Гунар Солскјер, кој најверојатно ќе го има напаѓачот на располагање за мечот со Вест Хем на 19 септември или евентуално шест денови подоцна на средбата со Астон Вила.