Рашфорд се повреди, нема да игра до крајот на сезоната

Напаѓачот на Астон Вила, Маркус Рашфорд, би можел да го пропушти остатокот од сезоната поради повреда на тетивата.
Степенот на повредата сè уште се утврдува, па затоа не е исклучено Рашфорд, кој игра за Астон Вила како позајмен од Манчестер Јунајтед, да се врати во тимот пред крајот на Премиер лигата, објави денес Би-Би-Си.
Сепак, поверојатно е Рашфорд да се фокусира на закрепнување за да биде подготвен за натпреварите на Англија во јуни, односно за квалификацискиот натпревар за Светското првенство против Андора и пријателскиот натпревар против Сенегал.
Рашфорд не играше во поразот од Кристал Палас во полуфиналето на ФА Купот во саботата.
Тој одлучи да не разговара со ниту еден клуб за својата иднина до крајот на летото.
„Договорот на Рашфорд со Манчестер Јунајтед истекува во 2028 година, но тој не очекува повторно да игра за клубот сè додека Рубен Аморим е менаџер“, објави Би-Би-Си.
Новиот селектор на Англија, Томас Тухел, го повика во националниот тим во март откако 27-годишникот го пропушти Европското првенство во Германија минатото лето.