Рајан Гигс ослободен од сите обвинувања

Рајан Гигс, човек кој е еден од легендарните фудбалери на Манчестер Јунајтед, е ослободен од обвиненијата за напад што ги поднесоа неговата поранешна девојка Кејт Гревил и нејзината сестра.

Имено, одлуката е донесена денеска, а одлучено е Гигс да не е виновен по сите три точки од обвинението. Така сета оваа приказна конечно заврши и нема да има ново судење кое требаше да започне на 31 јули во Манчестер. Медиумите од Англија наведуваат и дека Гигс не се појавил пред судот бидејќи му било дозволено да не присуствува на судењето.

Гигс отсекогаш негирал какво било обвинување за било каков вид на психичко или физичко малтретирање на неговата девојка.

Покрај тоа, тој негирал и дека ја нападнал нејзината сестра Ема, а на крајот се што кажал испаднало вистина.

Кога се се случи и излезе во јавност, Гигс поднесе оставка од функцијата селектор на репрезентацијата на Велс.