Рајан Черки летово доаѓа во Серија А
Наполи и Јувентус покажуваат сериозен интерес за младиот талент на Лион, Рајан Черки, пренесуваат француските медиуми. 20-годишниот офанзивен играч за врска игра одлична сезона за Лион и го привлече вниманието на многу европски гиганти. Черки е офанзивен фудбалер кој може да игра и како плејмејкер, но и по крилните позиции. Тој е продукт на школата на Лион и важи за најголем француски талент во моментов.
Черки на лето ќе влезе во последната година од договорот, па Лион е спремен да слушне понуди, а италијанските гиганти сакаат да ја искористат таквата ситуација.
Лион за неговата слобода бара 30 милиони евра, сума која Наполи и Јувентус се спремни да ја платат.