Рајола повторно му го загорчува животот на Милан!

Џанлуиџи Донарума и понатаму е далеку од договор со управата на Милан.
Поточно, агентот Мино Рајола не се откажува од неговите барања, а тоа е годишна плата од дури 10 милиони евра.
Милан сака да го задржи својот голман, му нуди навистина високи примња од осум милиони евра и договор на пет години, но Рајола смета дека неговиот клиент заслужува 10 милиони по сезона.
Слична ситуација беше и претходниот пат, пред четири години, кога Донарума го потпиша моменталниот договор.
Тогаш медиумите го селеа Донарума во бројни европски клубови, му ја подигнуваа цената, на крајот Рајола излезе како победник, иако ниту голманот не сакаше да замине од „Сан Сиро“.
Останува да видиме што ќе се случи овој пат, иако Милан сигурно нема да се согласи во време на пандемија да преплати било кој играч со толку високи примања.