Рајо го враќа Хамес во шпанскиот фудбал
Колумбискиот фудбалер Хамес Родригез се враќа во Ла Лига овој пат со договор за засилување на редовите на Рајо Ваљекано.
Хамес изминатава година имаше квалитетни настапи за Сао Паоло во Бразил и репрезентацијата на Колумбија на Копа Америка.
По истекот на договорот со Сао Паоло се одлучи за враќање во Европа, одлучувајќи да ја прифати понудата од поранешниот клуб на Столе Димитриевски.
Покрај Рајо, 32-годишниот Родригез преговарал и со Селта, но сепак од Рајо Ваљекано биле далеку поконкретни во желбата за негов ангажман.