Рајо донесе петто место за Шпанија во следната Лига на шампионите

По синоќешните полуфинални натпревари во Лигата на Европа и Конференциската лига беше потврдено дека Шпанија обезбеди дополнително место во Лигата на шампионите втора сезона по ред, што значи дека пет клуба од Ла Лига ќе бидат во главната фаза од најсилното натпреварување и следната сезона.

Генерално, ова беше тешка сезона во европските натпреварувања за клубовите од Ла Лига. Реал Мадрид и Барселона беа елиминирани од Лигата на шампионите во четвртфиналето, и иако Атлетико Мадрид стигна до полуфиналето, Виљареал и Атлетик Билбао не успеаја да ја поминат главната фаза.

Сепак, настапот на Рајо Ваљекано во Конференциската лига на УЕФА ја спасија Шпанија. Рајо додаде дополнителни 0,25 поени на коефициентот на Шпанија ѝ обезбеди на Ла Лига дополнително место во Лигата на шампионите.

Како што стојат работите, на четири кола пред крајот на Ла Лига, Реал Бетис е голем фаворит да го фати последното место што води во Лигата на шампионите следната сезона. Тимот на Мануел Пелегрини има шест бода предност во однос на Селта Виго, додека мали шанси има и за екипите на Хетафе, Атлетик Билбао и Реал Сосиедад кои го напаѓаат 5-то место.