Раџа: НБА ѕвездите во Евролигата ништо нема да освојат!

Дино Раѓа е прославен хрватски кошарка кој најголем дел од својата кариера ја мина во Европа, но сепак, со оглед на квалитетот кој го поседуваше, одлучи да игра и четири сезони во најпрестижната кошаркарса лига, бранејќи ги боите на Бостон. Хрватот мина доволно години во Америка за да си дава за право да прави паралела за случувањата во НБА лигата и оние во европската кошарка, па во последното обраќање кое го имаше, подбра две МВП ѕвезди од НБА лигата кои според него би немале никаква шанса да се справат со тактички потковани одбрани какви што има во Европа. „Во НБА лигата не се игра одбрана, не се обрнува внимание, па кога ќе отидете во Европа, ќе наидете на пет противници што знаат се за овој сегмент од играта. Се сеќавам дека мојата репрезентација играше против Грција во едни квалификации и тактиката беше таа. Го затворивме Јанис со тој пристап. Тој се уште не беше МВП во тоа време, но беше топ играч. Му оставивме да прави се, освен да пенетрира и брзо да ги добива топките. Ни даде само четири поени“, вели Раѓа, кој потоа се осврна на Расел Вестбрук.