РБ Лајпциг одбива продажба на напаѓачот Нкунку
Германскиот „Скај Спорт“ пренесува изјава од претседателот на РБ Лајпциг Оливер Минцлаф, во врска со иднината на францускиот репрезентативец Кристофер Нкунку во клубот.
Претседателот беше прашан за иднината на напаѓачот, бидејќи за него има голем интерес од клубови како Манчестер Јунајтед и Арсенал.
„Сум кажал неколку пати – Нкунку ќе биде играч на Лајпциг и следната сезона“, изјави Минцлаф.
Оваа сезона Нкунку има 30 гола на 45 натпревари во дресот на Бундеслигашот од Лајпциг.