РБ Лајпциг ја одреди цената за Елмас

Лајпциг е подготвен во зимскиот преоден рок да го продаде македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, тврди еден од водечките германски медиуми,„Билд“.

Елмас од почетокот на сезоната нема никава улога во тимот на Марко Росе. Во Бундес лигата настапи на на само два натпревари, одигра вкупно 44 минути. Ова е доволен показатл дека тренерот не смета на услугите на фудбалерот за чии услуги клубот пред една година на Наполи му плати 24 милиони евра.

Инаку, Елмас нема да игра до крајот на годината поради повредата со која се здоби на натпреварот со Латвија во Скопје, во Лигата на нации.

„Билд“, во својот текст тврди дека намера на клубот е да го продаде македонскиот репрезентативец, а не да го испраќа на позајмица. Според овој извор, Лајпциг за Елмас би прифатил обесштетување од 15 милиони евра.

Наводно неколку италијански клубови покажале интерес за Елмас, а од претходно се знае дека ситуацијата со македонскиот репрезентативец внимателно ја следат турските великани Фенербахче и Галатасарај.