Реал во недела се враќа на Сантијаго Бернабе, еве како изгледа (видео)

Иако работите не се завршени, Реал Мадрид в недела ќе одигра меч на „Сантијаго Бернабе“ во  рамки на 4. коло од шпанската Ла Лига.

Работите во домот на „кралскиот“ клуб веројатно нема да завршат до јануари 2023. година, но ќе може да се играат натпревари на него. До натпреварот со Селта, ќе се постави нов систем за тревник и разгласи, како и соблекувални. Реал веќе година и пол игра надвор од нивниот стадион.

Последниот домашен натпревар на култниот стадион се одигра на 1. март 2020 година. Потоа избувна пандемијата на коронавирус, а Флорентино Перез мислеше дека е вистинското време да се изврши веќе планираната работа. Реал цело време играше на помошен стадион, кој има капацитет од само 6.000 гледачи.

Сега се враќа на Бернабеу, кој ќе биде ограничен на капацитет од 30.000 луѓе. Карим Бензема, Еден Азар , Лука Модриќ и други ќе го одиграат натпреварот во недела, а како изгледа култниот стадион во моментов, неколку дена пред натпреварот, погледнете во видеото.