Реал во јуни го продава Ферлан Менди
Ферлан Менди според многумина е „најслабата алка“ во овој тим на Реал Мадрид и „кралевите“ на лето ќе се обидат да му пронајдат замена.
„Марка“ пишува дека Реал Мадрид одбил да му го продолжи договорот кој му истекува во 2025 година и логично е поради тоа Французинот да не е негов приоритет. Напротив, Менди на лето ќе биде на трансфер листата. Французинот игра слабо обаа сезона, не беше повикан и на СП, а во вчерашниот пораз од Виљареал беше директен виновник за првиот гол на „жолтата подморница“.
Шпанските извори тврдат дека Менди сигурно ќе биде продаден и Анчелоти на лето ќе бара нов лев бек.