Реал го блокира трансферот на Хезоња во НБА лигата

Заминувањето на Марио Хезоња од Реал Мадрид прераснува во вистинска трансфер-драма.

Шпанскиот гигант одбива да го ослободи хрватскиот репрезентативец, тврдејќи дека не ги исполнил условите за едностран раскин на договорот.

Според „Марка“, Хезоња на 20 јуни само го објавил своето заминување, но не обезбедил официјален ангажман во НБА, ниту, пак, ја исплатил договорената отштета од еден милион долари, која сè уште не е намирена.

Поради тоа, договорот што наводно го постигнал со Кливленд кавалирс сè уште не е официјализиран, пренесува американскиот новинар Марк Штајн.