Реал го има наследникот на Модриќ во своите редови
Мартин Одегард на крајот од сезоната ќе се врати во Реал Мадрид од позајмицата во Арсенал, тврдат шпанските и англиски медиуми, кои во своите текстови наведуваат дека причина за тоа се годините на Лука Модриќ.
Капитенот на хрватската репрезентација е незаменлив во средината на кралскиот клуб, но во септември ќе наполни 36 години, па во клубот не се сигурни дали ќе може да ги издржи сите натпревари без вистински одмор. Само во оваа сезона, Модриќ за Реал Мадрид одигра 43 натпревари, односно 3.300 минути во нив.
Освен годините на Модриќ и пречестото негово користење, како причина за враќање на Одегард се споменуваат и исцрпеноста на Тони Крос, а и наведуваат дека наскоро Норвежанецот би требало да ја преземе контролата во средниот ред на Реал Мадрид. Одлуката за неговото враќање е веќе донесена и во клубот сметаат на него за следната сезона, иако Арсенал се надева дека би можеле да го имаат уште една година на позајмица, што секако не е опција за Зидан.