Реал го купува Дани Олмо од РБ Лајпциг

Реал Мадрид сериозно се приклучи во трката за потписот на шпанскиот репрезентативец Дани Олмо, пренесуваат шпанските медиуми.

Олмо е дете на „Ла Масија“ од каде замина во Динамо Загреб, а веќе неколку сезони игра одлично во Лајпциг. Олмо има договор со Лајпциг до 2024 година, па Барселона го советува да не ја продолжува соработката и да пристигне на „Камп Ноу“ како слободен агент.

Меѓутоа, Лајпциг сака да избегне такво сценарио и ќе го стави Олмо на трансфер пазарот, а таквата ситуација сака да ја искористи Реал Мадрид.

„Кралевите“ сметаат дека Олмо ќе биде идеална замена за Асенсио и немаат проблем да платат 40 милиони евра, колку што бара Лајпциг за неговата слобода.