Реал го посакува Душан Влаховиќ

Фудбалерот на Јувентус и репрезентативец на Србија, Душан Влаховиќ, е една од опциите за нов напаѓач на „кралскиот клуб“, кој би играл во тандем со Бензема.

Челниците на клубот од Мадрид, ја истражуваат опцијата со Влаховиќ, кој доколку пристигне во Реал, би бил долгорочна замена за Карим Бензема, и би претставувал нова ера за нападот.

35-годишниот француски напаѓач, има договор со Реал до крајот на сезоната, но најверојатно ќе го продолжи истиот уште една наредна сезона. Во клубот се надеваат дека негов наследник би бил или Ерлинг Халанд, или пак Килијан Мбапе. Меѓутоа доколку не се успее во плановите за доведување на еден од овие два топ напаѓачи, тогаш Влаховиќ е одлична алтернатива.

Според Трансфермаркт, пазарната вредност на 23-годишниот Србин, во моментов изнесува 80 милиони евра, сума која Јувентус во јануари минатата година ја плати за неговиот ангажман од Фиорентина.