Реал го праќа Раниер од Борусија во Бенфика за да игра во континуитет
Првите луѓе на Реал Мадрид не се задоволни од минутажата што ја добива Раниер Жезус во Борусија Дортмунд кој игра како позајмен фудбалер и затоа планираат да го испратат во друг клуб.
Според најавите од Шпанија, составот од Бундеслигата не го почитува договорот меѓу двата клуба и му дава мала минутажа на Бразилецот.
Затоа „белите“ сакаат во јануари да го испрати напаѓачот во екипата на Бенфика. Наводно, направени се и првите контакти со луѓето од португалскиот состав.