Реал го продава Менди во летниот преоден рок
Реал Мадрид одлучил во летото кое следи да го продаде Ферланд Менди, левиот бек кој во 2019 година пристигна во кралскиот клуб од Лион во трансфер вреден 50 милиони евра.
И покрај добрите настапи на стартот од сезоната, францускиот репрезентативец подоцна имаше големи проблеми со повредите, а конкурентите за неговата позиција во тимот тоа го искористија за да се наметнат кај Анчелоти.
Исто така Фран Гарсија следната сезона ќе игра за Реал, па просторот за Менди дополнително ќе се намали. Шпанските медиуми тврдат дека одисејата на Менди во Реал е завршена и додаваат дека клубот ќе се обиде да го продаде за сума слична на онаа што беше издвоена за него пред четири години.
Менди одигра вкупно 130 натпревари за Реал и беше двократен шампион на Шпанија и освојувач на Лигата на шампионите.