Реал даде ултиматум до ПСЖ, решавачки 48 часа!
Еден од главните актери во летната трансфер сага е францускиот напаѓач Килијан Мбапе. Реал Мадрид е најголем и единствен конкурент на ПСЖ за младиот фудбалер, пред неколку дена испрати официјална понуда од 160 милиони евра, која беше одбиена. Спортскиот директор Леонардо упати прилично навредливи зборови на сметка на мадридскиот клуб, сметајќи ја нивната првична понуда за „навредлива“.
Следеше онаа од 170+10 милиони евра, а клубот од Париз се уште не се огласил во врска со истата.
На Флорентино Перез се чини дека му е доста од чекање, па одлучи да преземе иницијатива и да испрати ултиматум до францускиот клуб. Имено, како што јавуваат француските медиуми, Реал порача дека доколку не дојде до договор во текот на викендот, тие ќе се повлечат од преговорите.