Реал десеткуван кај Аталанта, Сити гостува на Менхенгладбах

Играчот за врска на Реал Мадрид, бразилецот Касемиро ќе мора да заврши голема работа против Аталанта, а притоа да не добие жолт картон. Бразилецот е единствениот на кој му се заканува суспензија во тимот на Реал, а Зинедин Зидан не може да си дозволи да остане и без Касемиро.
Реал во Бергамо отпатува без девет играчи и скоро извесно е дека никој освен Бензема нема да се опорави ниту за реваншот, а во прашање се – Карвахал, Рамос, Марсело, Милитао, Одриозола, Валверде, Родриго, Азар и веќе споменатиот Бензема.
Со тоа, Касемиро е и најдобриот стрелец на екипата која отпатува во Италија, а сите играчи вкупно имаат постигнато 23 погодоци.
На другиот натпревар, на неутрален терен во Будимпешта на Пушкаш арената како домаќин, екипата на Борусија Менхенгладбах ја дочекува екипата на Манчестер Сити, без некои непредвидени изостаноци и проблеми во составите. Кај екипата од Германија неизвесен е Маркус Турам, додека екипата на Гвардиола доаѓа со полн состав и во топ форма.