Реал добива две засилувања од Манчестер Сити?

Јошко Гвардиола повторно се наоѓа во центарот на трансферните шпекулации, откако шпански „АС“ објави дека хрватскиот дефанзивец бил понуден на Реал Мадрид.

Информацијата изненадила дел од луѓето во клубот од „Сантијаго Бернабеу“, особено затоа што во моментов не постојат официјални разговори или конкретни чекори кон реализација на трансфер.

Сити во 2023 година плати околу 90 милиони евра за неговиот потпис, со што практично ги затвори вратите за конкурентите, но актуелните околности повторно ја отвораат темата.

Хрватскиот стопер има зад себе тешка сезона поради сериозна повреда на тибијата. По операцијата во јануари, тој сè уште е надвор од терените, а сè почесто се поставува прашањето дали ќе биде подготвен навреме за Светското првенство.

Покрај Гвардиол, се споменува и Бернардо Силва како фудбалер кој би можел да заврши во Реал Мадрид, бидејќи Португалецот бара нов предизвик по долгата етапа во Манчестер Сити.