Реал и Барса „кршат копја“ за Антонито
Антонио Кордеро, попознат како Антоњито е на мета на Реал Мадрид и Барселона, пишуваат шпанските медиуми.
Талентираниот 18-годишен играч на Малага, кој е еден од предводниците на младинскиот тим на „Црвената фурија“, веќе подолго време е цел на гигантите од Шпанија, а неодамна го презеде Пини Захави, менаџер кој е многу близок со Барселона, со оглед на тоа што ги застапува Флик, Левандовски и други.
Барселона веќе направи некои потези ова лето, но Малага не беше заинтересирана за соработка. Но, со оглед на тоа што договорот на Кордер истекува во јуни следната година, Марка пишува дека челниците на Малага подготвуваат трансфер веќе во зимскиот преоден рок.
Понуда пристигна и од „Сантијаго Бернабеу“, но се чини дека Антонио во моментов е поблиску до Барселона, судејќи по поврзаноста на менаџерот Захави со каталонскиот клуб.