Реал и Барса мора да се откажат, Халанд пред нов договор со Сити

Ерлинг Халанд е една од најдобрите, ако не и најдобрата „деветка“ во светот во моментов. Се зборуваше дека Норвежанецот може да бара нов предизвик, но сепак ќе остане на „Етихад“.

Барселона беше заинтересирана за Халанд и веќе некое време Каталонците смислуваат финансиски план како да го привлечат најдобриот стрелец на Манчестер Сити да дојде во Каталонија, но се чини дека немаат решение.

Халанд и оваа сезона е во голгетерска форма. На вкупно 12 натпревари за Манчестер Сити, тој постигна дури 14 гола и продолжи таму каде што застана минатата сезона. Поради оваа причина, сега приоритет на Сити е да го продолжи договорот со Норвежанецот, а преговорите се започнати.

Халанд на „Етихад“ пристигна во 2022 година и оттогаш во дресот на тимот од синиот дел на Манчестер постигна 103 гола на 110 натпревари.