Реал и Куртоа пред нов договор

Реал Мадрид ќе го продолжи договорот со голманот Тибо Куртоа до 2028 година. 32-годишниот белгиски интернационалец доби понуда да го обнови својот тековен договор за уште две сезони, објави „Релево“.

Според изворите на изданието, Реал Мадрид верува дека Куртоа е најдобрата опција за клубот на позицијата голман. Токму затоа „Кралевите“ се подготвени да направат исклучок од непишаното правило на „Бернабеу“, според кое договорите со играчи над 30 години се продолжуваат за максимум една сезона.

Договорот сè уште не е потпишан, но двете страни веќе некое време разговараат за него.

Куртоа се приклучи на Реал Мадрид во 2018 година, а во 2021 година потпиша 5-годишен договор со клубот. Тој веќе има одиграно 308 натпревари за Реал Мадрид во Ла Лига и 60 во Лигата на шампионите.