Реал и Ливерпул спремаат трампа на фудбалери од средниот ред
Ливерпул и Реал Мадрид во летниот преоден рок би можеле да направат голема трампа, пренесувата медиумите на Островот.
Ливерпул е силно заинтересиран за ѕвездата на Реал Мадрид, Орелиан Чуамени, за кого Реал е спремен да слушне понуди.
Од друга страна „кралевите“ се заинтересирани за Гравенгех, па двата клуба би можеле да договорат трампа.
Цената на Французинот во моментов е повисока, но „црвените“ се спремни да платат одреден надоместок.