Реал купува дефанзивец во зимскиот преоден рок

Карло Анчелоти сака во зимскиот преоден рок да ја засили одбраната.
Дефанзивната линија е најслабата точка на „кралевите“ од почетокот на сезоната, па Анчелоти сака да донесе квалитетен стопер.Медиумите пренесуваат дека прв на листата жеби е дефанзивецот на Виљареал и шпански репрезентативец, Пау Торес.
Торес се етаблираше во еден од најперспективните дефанзивци во Европа и го провлече вниманието на многу европски гиганти. Раководството на „кралевите“ веќе стапило во контакт со агентот на дефанзивецот и спрема понуда од 50 милиони евра за неговиот потпис.