Реал Мадрид во потрага по ѕвезда од Елче – Родриго Мендоза на радарот

Реал Мадрид внимателно го следи играчот од средниот ред на Елче, Родриго Мендоза, откако тој блесна за Шпанија на Светското Првенство до 20 години ова лето. 20 годишниот се истакна со зрелост, визија и техничка умешност, што го направи една од најспомнуваните млади надежи во шпанскиот фудбал.
Клубот го гледа Мендоза како идеален дел од долгорочниот проект за градење тим со млади таленти кои можат да станат столбови на иднината. Дополнителен импулс за трансферот е поддршката од менаџерот, Чаби Алонсо кој верува дека Мендоза одлично би се вклопил во стилот на тимот.
Мендоза има договор со Елче до 2028 година, а неговата откупна клаузула изнесува околу 24 милиони евра – сума што се смета за разумна со оглед на неговиот потенцијал.