Реал Мадрид го „капари“ Шараниќ од Динамо Загреб

Динамо Загреб е еден од најдобрите клубови во Европа кога станува збор за продажбата на фудбалери.

Голем број фудбалери од Динамо направија сензационални трансфери во големи клубови: Лука Модриќ, Ловрен, Манџукиќ, Брозовиќ, Олмо минатата сезона…Сега можеби е редот на Иван Шараниќ.

Шараниќ е 18 годишен играч за врска кој е дел од младинскиот тим на хрватскиот клуб.

Во кариерата зад себе има само 74 минути сениорски фудбал, меѓутоа и покрај тоа наводно Реал Мадрид за него понудил 10 милиони евра.

Oчигледно Динамо има уште еден бисер во своите редови.