Реал Мадрид го осигура Франко Мастантуоно во рекорден трансфер

Реал Мадрид го финализираше трансферот на 17-годишниот Франко Мастантуоно од Ривер Плејт, во договор што претставува најскап трансфер во историјата на аргентинскиот фудбал. Шпанскиот гигант ја активираше откупната клаузула од 45 милиони долари, со исплата што ќе се одвива во рати. Талентираниот аргентински играч потпиша шестгодишен договор, со што ќе остане на Сантијаго Бернабеу до 2031 година. 

Мастантуоно ќе се приклучи на кралскиот клуб на 15 август, веднаш по неговиот 18-ти роденден. До тогаш, ќе остане во Ривер Плејт за да настапи на Светското Клупско Првенство, што ќе биде последна шанса за навивачите на аргентинскиот клуб да го гледаат во дресот на Ривер.  

Мастантуоно дебитираше за сениорскиот тим на Ривер со само 16 години и брзо се етаблираше како еден од најперспективните млади фудбалери во Јужна Америка. Веќе има повеќе од 60 настапи, со 10 постигнати голови и 7 асистенции. Познат е по својата креативност, визија и флексибилност – може да игра како офанзивен играч или по десната страна. Неговите настапи го привлеkoa вниманието на голем број европски гиганти. 

Посветеноста на Реал Мадрид кон развојот на Мастантуоно се гледа и во долгиот шестгодишен договор, како и во вклучената откупна клаузула од неверојатни 1 милијарда евра. Новиот тренер на тимот, Чаби Алонсо, заедно со стручниот штаб, планираат постепено да го интегрираат во првиот тим, со јасна визија дека тој ќе биде значајна фигура во иднината на клубот.