Реал Мадрид и Асенсио започнуваат преговори околу нов договор
Весникот Марка пренесува дека вицешампионот на Шпанија, Реал Мадрид, ќе започне преговори со Марко Асенсио во април. Фудбалерот има договор со тимот од „Сантијаго Бернабеу“ до летото 2023 година, но сеуште нема потпишано нов и покрај понудата што му била упатена од раководството на Реал.
Главната цел на разговорите ќе биде да се разјасни ситуацијата со Асенсио, односно дали тој сака да остане во Реал, или да биде продаден на лето. Според информациите од Шпанија, приоритет за него е да остане во Реал, но не под предложените услови од клубот кој му нуди 4,5 милиони евра по сезона плус 1,5 милиони во бонуси.