Реал Мадрид може да си ги дозволи и Мбапе и Халанд
Шпанскиот весник „Марка“ тврди дека Реал Мадрид ќе има доволно финансиски средства за да може да ги купи двете ѕвезди на светскиот фудбал – Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд.
Двајцата играчи се претставени како главни цели на претседателот на клубот Флорентино Перез кој најави дека ќе стори се што е можно да ги доведе на „Сантијаго Бернабеу“.
Се шпекулира дека Мбапе веќе постигнал личен договор со „Кралскиот клуб“, и ќе се приклучи на Мадрид откако ќе му истече договорот со Париз Сен Жермен.
Ситуацијата со Халанд е нешто поинаква. Тој има откупна клаузула вредна 75 милиони евра, и има голем број на клубови кандидати за негов потпис меѓу кои се Барселона, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Париз Сен Жермен и други. Сепак, и во вој случај Реал е во добра позиција и верува дека може да ги победи конкурентите.