Реал Мадрид му нуди нов договор на Милитао
Познатиот фудбалски новинар Фабрицио Романо, повикувајќи се на извори од клубот, објавува дека Реал Мадрид во следните неколку недели ќе му понуди нов договор на централниот дефанзивец Едер Милитао.
Договорот со 24-годишниот Бразилец нема да зависи од евентуалното купување на дефанзивецот на Челзи, Антонио Рудигер,кој веќе подолго време е трансфер цел на „кралскиот клуб“.
Милитао има договор со Реал Мадрид до летото 2025 година, и според Романо, раководството на клубот го подготвило својот предлог за нов договор и наскоро се очекува истиот да биде потпишан.