Реал Мадрид повторно ќе ја прескокне церемонијата на Златната Топка

Според најновите извештаи, Реал Мадрид нема да присуствува на годинашната церемонија на Златната Топка, што ќе биде втора година по ред како клубот ја избегнува најпрестижната вечер во светскиот фудбал. 

Иако неколку играчи на клубот се меѓу номинираните – Винисиус Жуниор и Џуд Белингам за најдобар фудбалер, како и Тибо Куртоа за наградата Јашин – шпанскиот гигант повторно реши да не присутвува, како што направи и во 2024 година. 

Одлуката се гледа како јасен став на клубот, можеби во знак на незадоволство од начинот на доделување на наградите или како дел од поширока стратегија за односот кон индивидуалните признанија. 

И покрај отсуството на Реал, Златната топка останува глобален настан што ги слави најдобрите во фудбалот. Но, одлуката на Мадрид дополнително ја зголемува неизвесноста и интересот околу овогодинешното издание, особено кога нивни играчи се меѓу фаворитите за големите признанија.