Реал Мадрид „полуде“ по шведската сензација

Реал Мадрид има висок интерес за потписот на Александар Исак, пишува шпански АС.

Иако не постигна ниту еден погодок, шведскиот напаѓач воодушеви со своите игри на Европското прнвество и за него пројавуваат интерес се повеќе големи европски клубови. Покрај Реал, заинтересиран е и Арсенал, кој веќе воспостави контакт со Сосиедад и со агентот на играчот, па се наоѓа во најдобра позиција да го доведе.

АС тврди дека 21-годишниот Исак има желба да заигра за Реал, кој е во потрага по нов напаѓач. Желбата на Флорентино Перез е Килијан Мбапе и(ли) Ерлинг Халанд, но Реал во моментот не може да си дозволи такви трансфери. ПСЖ наводно за Французинот бара 200 милиони евра, а Борусија нема да го ослободи Халанд ова лето за помалку од 130 милиони евра.

Исак е многу поприфатлива опција, иако Реал Сосиедад не сака да спушти на помалку од 70 милиони евра, колку што изнесува клаузулата во неговиот договор.