Реал Мадрид пријави рекордни приходи за минатата сезона

Актуелниот шампион на Шпанија и на Европа, Реал Мадрид, објави дека за сезоната 2023/24 има приход од преку една милијарда евра што претставува рекорд.

Вкупната сума без трансферите на играчите достигнаа 1,073 милијарди евра, што е драстично зголемување за 27 проценти во однос на претходната сезона.

Шпанците тврдат дека се првиот фудбалски клуб кој успеал да надмине приход од една милијарда евра.