Реал Мадрид пронајде замена за Јовиќ

Лука Јовиќ одлучи да ја промени средината, па се врати во Германија во дресот на Ајнтрахт Франкфурт каде ќе се обиде да ја врати формата пред враќањето во Реал Мадрид.
Зинедин Зидан се одлучи да пронајде замена за Јовиќ, на екипата и е потребен уште еден напаѓач, а местото на српскиот интернационалец ќе го пополни Хуго Дуро.
Се работи за млад фудбалер кој досега настапуваше за вториот тим на Реал Мадрид, а Зидан одлучи токму Дуро да му прави друштво на Карим Бензема и Мариано Дијаз.
Дуро има 21 година, се работи за технички поткован фудбалер, а она што секогаш се споменува за него, е тоа што покрај фудбалската кариера, Дуро во исто време студира на Машински факултет, па се чини дека се обидува да ги чува своите опции отворени за понатамошната кариера.