Реал Мадрид размислува за Каи Хаверц

Фудбалерот на Челзи, Каи Хаверц, може да добие понуда да се пресели во Реал Мадрид, наведува денеска весникот – „ Marca“.

„Белите“ наводно, ќе се обидат да го купат 23-годишниот играч доколку не успеат во намерите да ги ангажираат Хари Кејн или Рандал Коло Муани. Германецот во сезоната што заврши одигра 47 мечеви во сите натпреварувања. Тој постигна девет голови и направи една асистенција.

Договорот на играчот со „сините“ е до крајот на јуни во 2025 година. Неговата трансферна сума е околу 60 милиони евра.