Реал Мадрид се раздели со тренерот Ласо
Кошаркарскиот клуб Реал Мадрид соопшти дека ја прекина соработката со тренерот Пабло Ласо. Од кралскиот клуб наведуваат дека соработката со трофејниот стратег е завршена исклучиво поради медицински причини, после инфарктот кој Ласо го доживеа за време на плеј-офот во првенството на Шпанија.
Здравјето на 54-годишниот стручњак за среќа многу брзо се стабилизира и неговата рехабилитација се одвива според планот, но сеуште е многу рано тој да се врати на професионалните обврски.
Ласо е главен тренер на Реал од 2011 година и е двократен освојувач на Евролигата.