Реал Мадрид со висока понуда за Рафаел Леао од Милан

После неуспехот со трансферот на Мбапе, Реал Мадрид спремаат висока понуда за уште една фудбалска звезда.

Газета дело Спорт пренесува дека од „Кралскиот клуб“ подготвуваат понуда од 120 милиони евра за доведување на фудбалерот на Милан, Рафаел Леао.

Леао оваа сезона беше право изненадување во Серија А, а неговите одлични настапи во Милан му ја донесоа наградата за најкорисен играч во лигата.

Освен Реал Мадрид, португалскиот крилен напаѓач е интересен и за Ливерпул каде уште е нејасна ситуацијата со новите договори на Салах и Мане.