Реал Мадрид со ултиматум до Винисиус – потпиши или замини

Реал Мадрид наводно му испрати јасна порака на Винисиус Жуниор – потпиши нов договор или замини. Иако одигра важна улога во последните успеси на клубот, бразилскиот офанзивец може да биде продаден доколку не се постигне договор до крајот на сезоната. 

Преговорите меѓу двете страни се во ќорсокак, без видлив напредок. Мадрид не сака да го продолжи договорот без цврсти гаранции, особено бидејќи интересот од врвни европски клубови расте, а неговиот сегашен договор трае до 2027 година – што значи дека ако клубот чека, тој може да си замине за помала сума ичи како слободен агент  

Ако не дојде до пробив наскоро, Мадрид е подготвен да слуша понуди во следниот трансфер рок. Тоа му создава голем притисок на Винисиус, кој е свесен за сериозните финансиски и професионални последици што може да произлезат од евентуален трансфер надвор од Кралскиот Клуб. 

Иако продолжува да настапува одлично, неговата иднина на Бернабеу е сега под знак прашалник. Наредните месеци ќе бидат клучни во одредувањето дали ќе остане дел од проектот на клубот или ќе започне ново поглавје на друго место.