Реал Мадрид со четири гола одговори на критиките

Реал Мадрид стигна до убедлива победа од 4-1 против Рајо Ваљекано на „Сантијаго Бернабеу“, во натпревар од Ла Лига.
„Кралевите“ одлично го започнаа натпреварот и уште во 14. минута поведоа преку Килијан Мбапе, кој реализираше пенал. Само три минути подоцна Алваро Карерас зголеми на 2-0, по асистенција на Мбапе.
Реал продолжи да доминира, а во 35. минута Џуд Белингам погоди за 3:0 по додавањето од Винисиус Жуниор.
Рајо Ваљекано успеа да намали на 3:-1 во 51. минута преку Серхио Камељо, но гостите беа далеку од тоа да останат непоразени. Реал во продолжението го потврди триумфот и стигна до победа од 4:1 со вториот гол на Мбапе.
Со овој триумф Реал Мадрид продолжува со одличниот старт на сезоната и освојува нови три бода пред своите навивачи.