Реал на „маки“ на неколку дена пред натпреварот со Ливерпул
Пред фудбалерите на Реал Мадрид стојат клучни десетина дена во кои ќе се одреди сезоната на екипата на Зинедин Зидан.
Реал во сабота го дочекува Еибар, а потоа следи она вистинското – двомечот со Ливерпул, а помеѓу и „Ел Класико“.
Зинедин Зидан сигурно нема да може да смета на Еден Азар и Дани Карвахал, додека Тони Крос и Федерико Валверде ќе бидат во трка со времето да бидат подготвени.
Крос има најголеми шанси да заигра веќе во првиот натпревар со Ливерпул за неколку дена, додека се очекува Валверде да биде подготвен за реваншот.
Реал во Ла Лига заостанува шест бодови зад Атлетико и четири зад Барселона и не смее да си дозволи кикс против Еибар.
Тој натпревар е во сабота, веќе во вторник ираат со Ливерпул ,а „Ел Класико“ е на програмата наредната сабота.
Сите овие натпревари Реал ги игра на домашен терен.