Реал не ги пушта своите професионалци на олимпискиот фудбалски турнир
Се шпекулираше дека Килијан Мбапе нема да може да игра за француската репрезентација на Олимписките игри во Париз доколку потпише за Реал Мадрид, а сега таа информација е и официјално потврдена.
Селекторот на Франција Дидие Дешамп откри дека Реал испратил писмо до француската федерација да не смета на своите играчи.
Засега само Камавинга и Чуамени нема да можат да играат за домаќините на Олимписките игри, а најверојатно и Мбапе доколку потпише за Реал, нешто што на големо се најавува.
Мбапе претходно истакна дека сака да игра, но изгледа дека Реал ќе го спречи во тоа.