Реал пак се интересира за Бруно Гимараеш од Њукасл

Реал Мадрид е силно заинтересиран за играчот на Њукасл и бразилски репрезентативец, Бруно Гимараеш.
25-годишниот играч за врска игра фантастично и го привлече вниманието на многу европски гиганти. После заминувањето на Каземиро, Анчелоти верува дека неговиот сонародник ќе биде идеална замена и сака да го донесе на „Сантиаго Бернабеу“.
Реал е во потрага по квалитетен играч за врска, а со оглед на фактот дека Белингам е премногу скап, „кралевите“ сега ќе се насочат кон Бруно Гимараеш.