Реал се предомисли и му понуди нов договор на Лукас Васкез
Лукас Васкез е блиску до продолжување на договорот со Реал Мадрид. Договорот на Васкез истекува на крајот на сезоната, па долго време се шпекулираше дека двете страни не можат да се договорот и дека ќе си замине како слободен агент. „Кралевите“ испратиле нова, подобрена понуда, а 29-годишниот фудбалер е спремен да ја прифати и да продолжи да го носи дресот на Реал Мадрид. Васкез ќе добие договор на три години со можност за продолжување на уште една сезона, со годишна плата од пет милиони евра.
