Реал се распрашува за Лапорт

Емерик Лапорт минатото лето го напушти Манчестер Сити и
одлучи кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија и потпиша
за Ал Наср.
Тоа беше изненадувачка одлука на шпанскиот дефанзивец со
оглед на фактот што интерес за него покажуваа многу европски
клубови.
Со настапите на Европското првенство покажа дека се уште игра
на врвно ниво, па интерес за него покажува Реал Мадрид.
Лапорт не е задоволен од животот во Саудиска Арабија и сака да
се врати во Европа, а Реал сака да ја искористи таквата ситуација
бидејќи е во потрага по дефанзивец.