Реал се сруши во Каталонија и загуби од Еспањол

Фудбалерите на Еспањол, приредија вистинско изненадување, го совладаа Реал Мадрид со 1-0 (0-0) во 22. коло на шпанската Ла Лига.

Вечерва ништо не му одеше во корист на „кралскиот клуб“, а според многумина на овој натпревар ја немаа наклоноста на судиите.

Избраниците на Карло Анчелоти двапати ја погодија рамката на голот, Килијан Мбапе во првиот дел и Родриго во вториот дел. Блескаше и голманот на Еспањол со неколку извонредни интервенции.

Во 20.минута беше поништен голот на Винисиус поради прекршокот што гонаправи Мбапе.

Ситуацијата на која замерка имаат навивачите на Реал се случи во 61. минута. Тогаш Карлос Ромеро страртуваше врз Мбапе во обид да прекина контра на Реал. Судијата Руиз покажа жолт картон, а и ВАР собата не се огласи.