Реал спремен да го собори светскиот рекорд за Олисе

Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид е одлучен во намера да го донесе во своите редови фудбалерот од средниот ред минхенски Баерн, Мајкл Олисе, во летниот преоден рок, јавија денеска шпанските медиуми. Реал, според медиумите, е подготвен да понуди 220 милиони евра за францускиот репрезентативец. Фиксниот дел од обесштетувањето би изнесувал 190 милиони евра, а уште 30 милиони во бонуси.
Дваесетичетиригодишниот Олисе се истакна минатата сезона во дресот на Баерн, постигнувајќи 22 гола, а додаде и 31 асистенција. Тој играше одлично и на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.
Олисе, кој е дел од француската репрезентација на тековното Светско првенство, дојде во Баерн од Кристал Палас во летото 2024 година, во трансфер вреден 53 милиони евра.
еговиот договор со Баерн го обврзува до јуни 2029 година