Реал ја наполни касата само по групната фаза на ЛШ
Реал Мадрид заработи 42 милиони евра од настапите во Лигата на шампионите за оваа сезона. Шпанскиот клуб ја доби оваа сума за шест победи во шест натпревари од групната фаза, пласман во следната рунда и за самиот факт на учество на турнирот.
За шест победи во шест меча од групната фаза, Реал заработи 16,8 милиони евра, 9,6 милиони добија за пласман во осминафиналето и уште 15,6 евра за самиот факт што клубот учествуваше во групната фаза од оваа натпреварување. Синоќа, избраниците на Карло Анчелоти го победија Унион Берлин (3-2) на гостувањето во 6. и последно коло од групната фаза.
Реал Мадрид на 17 декември ќе игра против Виљареал во натпреварот од 17. коло на Ла Лига. По 16 средби се наоѓаат на второто место на табелата во Ла Лига со два бода помалку од водечката Џирона.